Уредот не е поддржан! Прашања и одговори.

Правила за користење
на Vip NOW

Назад кон почетна страница

Правила за користење

ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ
на дополнителната услуга „Vip NOW"

I. ПРЕДМЕТ

Со овие Правила за користење (во понатамошниот текст: Правила) се уредуваат условите и начинот врз основа на кои Друштвото за комуникациски услуги оне.Вип ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: оне.Вип) на своите претплатници им го овозможува користењето на дополнителната услуга „Vip NOW".

II. ДЕФИНИЦИИ

1) „Услугата“ - „Vip NOW“ услугата, е дополнителна телевизиска услуга која им овозможува Корисниците да гледаат Содржина на различни терминални уреди (персонален компјутер, таблет или мобилен паметен телефон - смартфон).

2) „Содржина“ означува и вклучува телевизиски содржини (телевизиски канали и / или нивни елементи како филмови, видео и др.) кои се достапни со користењето на Услугата.

3) „Корисници“ - Услугата „Vip NOW“ е достапна само за пост-пејд претплатници на оне.Вип кои имаат склучено претплатнички договор и ги користат мобилните комуникациски услуги преку СИМ картички означени со Vip бренд.

III. УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

(1) Користењето на Услугата се врши преку профил регистриран од Корисникот со корисничко име и лозинка, согласно со постапката утврдена овие Правила.

(2) За користење на Услугата потребно е терминалниот уред да е поврзан на Интернет (без разлика дали се поврзува преку мобилен или кабелски интернет, безжична врска (WiFi), или Hot Spot-ови), зависно од терминалниот уред.

(3) Содржината достапна преку Услугата може да се користи преку интернет порталот www.vipnow.mk и / или преку мобилна апликација “NOW" која може бесплатно да се симне од App Store за корисници на оперативниот систем iOS или од Play Store, за корисници на оперативниот систем Android.

(4) Информациите за бројот и видот на телевизиските канали достапни преку Услугата и упатство за користење на Услугата и Содржините се објавени на www.vipnow.mk.
(5) Корисникот е овластен да ја користи Услугата исклучиво за лична употреба и единствено на територијата на Република Македонија. Строго е забрането Содржините јавно да се прикажуваат, да се пренесуваат понатаму или на било каков друг начин да се прават кон трети лица.

(6) За користење на Услугата, Корисникот плаќа месечна претплата преку месечната сметка за користење на мобилни комуникациски услуги и надомест за искористен податочен сообраќај. Месечната претплата на Услугата се однесува на период од 30 дена, сметано од денот на активација на Услугата.

(7) При користење на Услугата преку мобилен интернет, по искористување на податочниот сообраќај кој е вклучен во тарифниот модел на Корисникот, понатамошно генерираниот податочен сообраќај се наплатува согласно тарифниот модел на Корисникот или активираниот дополнителен интернет пакет.

(8) Детали за цените, надоместоците и промоциите се наведени во Ценовникот на оне.Вип ДООЕЛ Скопје, достапен на www.vip.mk.

(9) Контролата на пристапот до Содржините од страна на деца и малолетни лица како и оневозможувањето на пристапот до дел од содржините зависно од возраста се одговорност на Корисникот.

IV. ОПИС НА УСЛУГАТА

(1) Услугата вклучува:
1) гледање во реално време на Содржините;
2) временски одложено гледање на дадена ТВ програма (time-shift) - до 7 дена од емитувањето;
3) снимање, паузирање и премотување напред и назад на снимените Содржини.

(2) Услугата може да се користи преку следните терминални уреди: персонален компјутер, таблет или мобилен паметен телефон - смартфон кои имаат соодветна софтверска поддршка на достапноста на Услугата. Проверка на карактеристиките на терминалните уреди преку кои може да се користи Услугата е достапна на следниот линк: https://www.vipnow.mk/landingonevip/faq/.

(3) Корисникот може да ја користи Услугата преку повеќе терминални уреди, меѓутоа во исто време Услугата може да се користи само на еден терминален уред.

V. АКТИВИРАЊЕ И ДЕАКТИВИРАЊЕ НА УСЛУГАТА

(1) Услугата се активира врз основа на регистрација на кориснички профил која се врши преку интернет страницата www.vipnow.mk за која цел Корисникот треба:
1) да регистрира профил со корисничко име (e-mail) и лозинка;
2) да изврши потврда т.е автентификација на неговата електронска (е-маил) адреса и на мобилниот телефонски број (MSISDN) преку кој ќе се врши наплата на Услугата. При процесот на регистрација, претплатникот на својот мобилен претплатнички број ќе добие еднократен ПИН код по пат на СМС порака, кој ПИН код е неопходно да го внесе при процесот на регистрација;
3) да ја потврди својата согласност со овие Правила. Со прифаќање на Правилата, Корисникот потврдува и се согласува со фактот дека активирање и тарифирање на трошоците за користење на Услугата започнува веднаш откако ќе биде завршен процесот на регистрација;
4) доколку Корисникот сака да ги користи Содржините преку мобилен терминален уред, потребно е да ја симне и инсталира апликацијата NOW од App Store или од Play Store во зависност од оперативниот систем на мобилниот терминален уред.

(2) Претплатата за активирана Услуга автоматски се продолжува секој нареден месец (за нови 30 дена) се додека Корисникот не ја деактивира. За продолжувањето на периодот на користење на Услугата, Корисникот ќе биде известен по пат на електронска порака (е-маил) на електронската адреса која ја оставил при регистрацијата, односно активацијата на Услугата.

(3) Корисникот може да изврши деактивација, односно откажување на користењето на Услугата самостојно преку интернет порталот www.vipnow.mk, како и со повик кон Контакт центарот на оне.Вип на бројот 077 1234. По извршената деактивација, Корисникот може да ја користи Услугата до истекот на периодот за кој е фактурирана месечна претплата, согласно датумот на активација на истата.

VI. ТЕХНИЧКИ БАРАЊА И ПАРАМЕТРИ

(1) Кога Услугата се користи преку мобилен терминален уред истата може да се користи само преку смартфони и таблети со Android и iOS оперативен систем.

(2) Корисникот мора да обезбеди правилно функционирање на терминалниот уред (посебно обезбедување на слободен мемориски простор и општата функционалност на уредот).

(3) Корисникот е запознаен и е согласен дека за користење на Услугата е потребен квалитетен пристап до интернет и дека користењето на Услугата зависи од условите и квалитетот на интернет конекцијата. Препорачлива минимална брзина на интернет конекцијата при користење на Услугата е 256 kbit/s.

(4) Со оглед на тоа дека при користење на Услугата доаѓа до зголемено користење на податочен сообраќај (download и upload), заради оптимизација на трошоците, препорачливо е Корисникот да користи една од следните опции за обезбедување на интернет конекција: да активира поголем пакет за мобилен интернет, да се поврзува на интернет преку кабелска инсталација или преку безжична врска (WiFi), да користи бесплатни Hot Spot-ови, итн.

(5) При користење на Услугата се користат колачиња (cookies) за да се креираат персонализирани понуди за Содржини на Корисникот.

VII. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

(1) На сите односи помеѓу Корисникот и оне.Вип коишто не се уредени со овие Правила, соодветно се применуваат одредбите од:
1) Општите услови за користење на оне.Вип ДООЕЛ Скопје;
2) Склучениот Договор за засновање претплатнички однос за користење на мобилни комуникациски услуги.

(2) оне.Вип ги задржува правата за промена на овие Правила за користење, при што сите промени ќе ги објави на интернет страницата www.vip.mk или на друг соодветен начин.

(3) Овие Правила за користење на „Vip NOW" услугата се применуваат од 29.09.2016 година.