Уредот не е поддржан! Прашања и одговори.

Vip NOW - телевизија каде и да сте!
40 ТВ-канали на Вашиот телефон, таблет или компјутер

Тестирајте бесплатно 1 месец

Главни услуги

Vip NOW
Vip NOW

Телевизија со 40 канали - насекаде, во секое време и на сите уреди

Повеќе
Емитувана програма - 7 дена
Емитувана програма - 7 дена

Гледајте ја емитуваната програма во последните 7 дена и снимајте програма до 10 часа

Повеќе
ТВ распоред
ТВ распоред

Гледајте ТВ распоред за следните 3 дена и за претходните 7 дена

Повеќе

1.Тестирајте бесплатно 1 месец

Мобилните корисници со Vip постпејд SIM картичка можат да се регистираат и да ја користат услугата Vip NOW бесплатно 1 месец од денот на активација.

2.Гледајте сè што сакате, насекаде

Гледајте 40 TВ канали во живо и гледајте ги Вашите снимки преку компјутер и преку мобилната апликација на Vip NOW. Достапно за iPhone, iPad, Android смартфони и таблети.

3.Управувајте со содржините преку интерактивните функции

Со Vip NOW не само што гледате, туку и управувате со омилените содржини. Гледајте емитувана програма во последните 7 дена, снимајте до 10 часа програма, достапна за архивирање до 3 месеци.

Тестирајте бесплатно 1 месец

Често поставувани прашања

Што е Vip NOW?


Vip NOW е нова интерактивна онлајн (интернет) телевизија за смартфон, таблет и компјутер/лаптоп. Услугата ја комбинира класичната телевизија со нови функционалности и дава можност да ги гледате омилените програми кога ќе посакате.

Какви функции има Vip NOW?


Vip NOW поддржува многу интерактивни функции, од кои дел се:

  • Гледање на емитувана програма во последните 7 дена
  • Паузирање на програмата
  • Снимање на избрана програма до 10 часа, архивирање и пристап до снимените содржини до 3 месеци
  • ТВ распоред - електронски програмски водич (EPG - Electronic Program Guide)

Како да добијам пристап до услугата Vip NOW и како да се регистрирам?


Кликнете го копчето "Регистрирајте се" кое се наоѓа во горниот десен агол на страницата и следете ги чекорите. Во овој момент, услугата Vip NOW е достапна само за Vip постпејд корисници на мобилна телефонија.

Можам ли да користам Vip NOW преку Wi-Fi или треба да сум во мрежата на Vip?


Да, можете да гледате Vip NOW како преку мрежата на Vip, така и преку интернет пристап од кој било оператор, вклучително и Wi-Fi на секој давател на интернет услуги.

Калку е месечната претплата за користење на услугата?


Услугата Vip NOW е достапна само за мобилни корисници со Vip постпејд SIM картичка, со месечна претплата од 199 денари. Сите нови корисници на услугата добиваат еден месец бесплатно користење на услугата Vip NOW!

 

Колку време трае бесплатниот период?


Сите мобилни корисници со Vip постпејд SIM картичка, кои првпат ќе се регистрираат за услугата Vip NOW, можат да ја користат услугата бесплатно еден месец. Доколку не ја деактивирате услугата пред истек на бесплатниот период, услугата автоматски се продолжува и започнува да се наплатува месечна претплата.

Како да ја платам претплатата за Vip NOW?


Месечната претплата се наплатува на сметката за мобилниот број кој го имате наведено при регистрацијата.

Можам ли да ја користам услугата Vip NOW преку мобилен интернет и ќе се одрази ли тоа на интернет сообраќајот вклучен во мојот тарифен модел?


Да, можете да ја користите услугата Vip NOW преку мобилен интернет, но интернет сообраќајот не е бесплатен и се наплатува согласно Вашиот тарифен модел. Доколку Вашиот тарифен модел има вклучен интернет сообраќај, користењето на услугата ќе го троши вклучениот интернет сообраќај до неговото искористување.

Што да направам ако имам проблем со користење на услугата?


Ве молиме обратете се во Контакт центарот на бројот 077 1234.

Треба ли да плаќам дополнително за да гледам телевизија на различни уреди?


Не, веднаш штом се регистрирате, ќе можете да ја користите услугата на различни уреди - преку смартфон, таблет или компјутер/лаптоп.

Како да пребарувам конкретен филм, емисија или вести?


Можете да пребарувате содржини во "ТВ распоред" така што ќе кликнете на полето за пребарување (горе десно) и ќе го напишете името на бараната содржина.

Како можам да ја откажам претплатата за услугата (да ја деактивирам услугата)?


Доколку одлучите да ја откажете претплатата за Vip NOW, тоа можете да го направите во кое било време, директно од апликацијата за Vip NOW, во секцијата “Поставки - Мој профил”. Откако ќе ја откажете претплатата, услугата ќе Ви биде достапна до истек на периодот на кој сте претплатени.

Имате ли уште прашања?

Одговори