Уредот не е поддржан! Прашања и одговори.

Прашања и одговори

1. Најчесто поставувани прашања

Како можам да ја симнам апликацијата за Vip NOW на мојот Android или iOS смартфон и таблет?


Името на апликацијата e "NOW TV Streaming" и е достапна за симнување од Google Play Store или Apple Store.

Што е Vip NOW?


Vip NOW е нова интерактивна онлајн (интернет) телевизија за смартфон, таблет и компјутер/лаптоп. Услугата ја комбинира класичната телевизија со нови функционалности и дава можност да ги гледате омилените програми кога ќе посакате.

Какви функции има Vip NOW?


Vip NOW поддржува многу интерактивни функции, од кои дел се:

  • Гледање на емитувана програма во последните 7 дена
  • Паузирање на програмата
  • Снимање на избрана програма до 10 часа, архивирање и пристап до снимените содржини до 3 месеци
  • ТВ распоред - електронски програмски водич (EPG - Electronic Program Guide)

Кој може да ја активира услугата и како да се регистрирам?


Изберете "Регистрирајте се" и следете ги чекорите. Во овој момент услугата Vip NOW е достапна за мобилни корисници со Vip постпејд SIM картичка.

Можам ли да го користам Vip NOW преку Wi-Fi или треба да сум во мрежата на Vip?


Да, можете да гледате Vip NOW како преку мрежата на Vip, така и преку интернет пристап од кој било оператор, вклучително и Wi-Fi на секој давател на интернет услуги.

Колку изнесува месечната претплата за користење на услугата Vip NOW?


Услугата Vip NOW е достапна само за мобилни корисници со Vip постпејд SIM картичка, со месечна претплата од 199 денари. Сите нови корисници на услугата добиваат еден месец бесплатно користење на услугата.

Колку време трае бесплатниот период?


Сите мобилни корисници со Vip постпејд SIM картичка, кои првпат ќе се регистрираат за услугата, можат да ја користат услугата бесплатно еден месец. Доколку не ја деактивирате услугата пред истек на бесплатниот период, услугата автоматски се продолжува и започнува да се наплатува месечна претплата.

Како можам да ја откажам претплатата за услугата (да ја деактивирам услугата)?


Доколку одлучите да ја откажете претплатата за Vip NOW, тоа можете да го направите во кое било време, директно од апликацијата за Vip NOW, во секцијата “Поставки - Мој профил”. Откако ќе ја откажете претплатата, услугата ќе ви биде достапна до истек на периодот на кој сте претплатени.

Како да ја платам претплатата за Vip NOW?


Месечната претплата се наплатува на Vip сметката за мобилниот број кој го имате наведено при регистрацијата.

Можам ли да ја користам услугата Vip NOW преку мобилен интернет и ќе се одрази ли тоа на сообраќајот вклучен во мојот тарифен модел?


Да, можете да ја користите услугата Vip NOW преку мобилен интернет, но сообраќајот не е бесплатен и се наплатува согласно Вашиот тарифен модел. Доколку Вашиот тарифен модел има вклучен интернет сообраќај, користењето на услугата ќе го троши вклучениот интернет сообраќај до неговото искористување.

Што да направам, ако имам проблем со користење на услугата?


Ве молиме јавете се во Контакт центарот на бројот 077 1234.

Треба ли да плаќам дополнително за да гледам телевизија на различни уреди?


Не, веднаш штом се регистрирате може да ја користите услугата преку смартфон, таблет или компјутер/лаптоп.

Како да пребарувам конкретен филм, емисија или вести?


Можете да пребарувате содржини во "ТВ распоред" така што ќе кликнете на полето за пребарување (горе десно) и ќе го напишете името на бараната содржина.

2. Технички прашања

На колку уреди можам да гледам телевизија со една претплата?


Услугата Vip NOW може да ја користите на колку било уреди, меѓутоа имајте во предвид дека содржини може да гледате само на 1 уред вo исто време.

Кој оперативен систем треба да го имам на мојот смартфон и таблет за да ја користам Vip NOW?


Сите Android уреди со верзија 4,5,6, и iOS верзии 8 и 9. Исто така можете да гледате Vip NOW на Вашиот телевизор ако користите Chromecast.

Со кои интернет пребарувачи и оперативни системи можам да гледам Vip NOW?


  • Mozilla Firefox верзија 38
  • Safari од верзија 8
  • Internet Explorer верзија 10
  • Chrome

На оперативни системи Windows 7, 8, 10 и Mac OS X El Capitan, Yosemite.

Можам ли да гледам Vip NOW на мојот телевизор?


За да ја споделите содржината од смартфон или таблет на телевизорот, треба да имате:

  • Chromecast стик
  • Телевизор со HDMI приклучок
  • Пристап до заштитена безжична локална мрежа
  • Android или IOS уред и апликацијата за Vip NOW (NOW TV Streaming).

Како да користам Vip NOW со Chromecast?


  • Поврзете го Chromecast стикот кон HDMI приклучокот на Вашиот телевизор
  • Симнете ја Chromecast апликација на Вашиот смартфон и изберете New Chromecast Setup
  • Поврзете го Chromecast од телефонот кон телевизорот преку менито Settings--> Wi-Fi--> ChromecastXXXX
  • Поврзете го Chromecast стикот кон HDMIприклучокот на Вашиот телевизор
  • Изберете "Next"
  • Уверете се, дека кодот на Вашиот телефон соодветствува на Вашиот телевизор

Детални инструкции за инсталација на Chromecast на различни уреди можете да најдете тука:
https://support.google.com/chromecast/?hl=de_AT#topic=6314574

Што треба да направам за да гледам телевизиски содржини на мојот компјутер?


Треба да инсталирате дополнителен програм "Silverlight"

Зошто не можам да се пријавам во апликацијата?


Ве молиме, проверете ја точноста на податоците за пријавување. Ако сте ја забравиле лозинката, изберете "Ја заборавивте лозинката?". Исто така, проверете дали во горниот дел од интернет пребарувачот се појавува прозорец "Run Silverlight" и изберете "Дозволи".

Зошто апликацијата не работи?


Ако имате постара верзија на Vip NOW, Ве молиме прво да ја деинсталирате старата верзија, па потоа да ја инсталирате новата.

Колку интернет сообраќај се троши преку различните уреди?


Приближната количина на интернет сообраќај кој се троши при гледање на содржините за различните уреди е:

  • Смартфон 270 MB / час
  • Таблет 545 MB / час
  • Лаптоп SD 1290 MB / час

Притоа имајте во предвид дека ова се приближни бројки, и дека количината на сообраќај кој се троши при гледање на содржините исто така зависи од квалитетот на Вашата интернет врска. При подобар квалитет и брзина на Вашата интернет врска, квалитетот на прикажаната слика е подобар, меѓутоа се троши повеќе интернет сообраќај.

3. Како да ја користам услугата Vip NOW

На колку уреди можам да ја инсталирам Vip NOW?


Vip NOW апликацијата може да ја инсталирате на колку било уреди, меѓутоа имајте во предвид дека содржини може да гледате само на 1 уред во исто време.

Што е функцијата за снимање и како се користи?


Со функцијата за снимање можете да снимите вкупно 10 часа содржини кои се емитувани во последните 7 дена или да закажете снимање на содржина која ќе се емитува. Снимките се чуваат и Ви се достапни 3 месеци од денот на емитување на емисијата. Покрај тоа, емитуваната програма во последните 7 дена можете да гледате преку "ТВ распоред" во Vip NOW. Кога сте во менито "ТВ распоред", само изберете ја емисијата која Ве интересира и изберете  "Гледајте". Друг начин како да најдете определена содржина е преку пребарувачот.

Можам ли да снимам неколку емисии кои започнуваат во исто време?


Да, можете да снимите идни емисии кои започнуваат во исто време на различни ТВ канали, потребно е само да имате доволно преостанато време за снимање.

Како да креирам листа на омилени канали?


Влезете во менито "Омилени/Креирајте нова листа ", внесете го името на листата со канали и изберете "Зачувајте". Од левата страна се прикажуваат сите канали, а десно е името на Вашата листа. Ако сакате да вратите некој канал од Вашата листа кон општата листа, едноставно изберете го. Кога ќе создадете листа со омилени канали, може да го промените редоследот по кој тие ќе се прикажуваат. За да го направите тоа, задржете определен канал и повлечете го нагоре или надолу. На крај изберете "Зачувајте ".

Како да регистрирам и управувам со уреди?


Кога ќе се пријавите во апликацијата преку нов уред или интернет пребарувач, тоа автоматски се регистрира. Може да го преименувате или да го избришете уредот од менито "Поставки" / "Управување со уреди ".

Како да ја променам листата со "Блокирани канали"?


Влезете во "Поставки" / "Блокирање на канали". Од левата страна е листата со сите канали од коишто може да бирате. Каналите кои ќе ги изберете преминуваат на десната страна во "Блокирани канали". Секојпат кога ќе сакате да гледате некој од блокираните канали, ќе Ви биде побарано да внесете ПИН.

Има ли функција за родителска контрола?


За да ги заштитите малолетните лица од содржини несоодветни за нив, изберете го нивото на родителска контрола:

  • Соодветно за најмалите, 0+
  • Соодветно за лица над 6 години
  • Соодветно за лица над 12 години
  • Соодветно за лица над 16 години
  • Соодветно за лица над 18 години

Како да креирам ПИН код за родителска контрола?


ПИН кодот се креира при првото најавување во Vip NOW, но може да го промените Вашиот ПИН код и да изберете ниво на родителска контрола во секое време, преку "Поставки" / "ПИН-ови и родителска контрола"

Како да го променам ПИН кодот?


ПИН кодот може да го направите во секое време преку "Поставки" / "ПИН-ови и родителска контрола" / "Промена на ПИН".

Како да исклучам автоматски пристап до апликацијата?


Изберете "Поставки" / "Поставки за безбедност" и изберете "Внесувањето на корисничко име и лозинка е задолжително при отворањето на апликацијата".

Што да правам ако ја заборавам лозинката?


На страницата за пријавување на vipnow.mk има опциja "Ја заборавивте лозинката?". Внесете го Вашето корисничко име (електронска адреса – e-mail) и следете ги упатствата кои ќе ги добиете во Вашата електронска пошта.

Што да правам ако го заборавам корисничкото име (e-mail)?


Вашето корисничко име е електронската адреса (e-mail), со која сте се регистрирале. За да се регистрирате со нова електронска адреса, прво треба да ја откажете претплатата и да се регистрирате повторно со друга електронска адреса. Ако го имате заборавено Вашето корисничко име (e-mail) тогаш можете да ја откажете претплатата преку Контакт центарот на бројот 077 1234.

Колку време ќе се зачуваат моите снимки?


Снимките Ви остануваат на располагање 3 месеци, а после овој период се бришат.

Како да избришам снимка?


Влезете во "Снимки", изберете ја снимката која сакате да ја избришете и изберете "Избришете снимка".

4. Плаќање

Како можам да платам?


Засега единствениот начин за плаќање е преку месечната сметка за Вашиот Vip Постпејд мобилен број.

5. Управување со профилот

Можам ли да ја променам електронската адреса со која сум регистриран/a?


Вашето корисничко име е електронската адреса (e-mail), со којашто сте се регистрирале. За да се регистрирате со нова електронска адреса, прво треба да ја откажете претплатата и да се регистрирате повторно со друга електронска адреса. Ако го имате заборавено Вашето корисничко име (e-mail) тогаш можете да ја откажете претплатата преку Контакт центарот на бројот 077 1234.

Како можам да ја променам лозинката?


Во Web верзијата на Vip NOW изберете "Поставки" / "Мој профил" / "Промена на лозинка".

Како можам да ја откажам претплатата?


Доколку одлучите да ја откажете претплатата за Vip NOW, тоа можете да го направите во било кое време директно од Vip NOW апликацијата во секцијата “Поставки - Мој профил”. Откако ќе ја откажете претплатата, услугата ќе Ви биде достапна до истек на периодот на кој сте претплатени.

Како можам да блокирам канал, којшто не е соодветен за малолетни лица?


Влезете во "Поставки" / "Блокирање програми", внесете го Вашиот ПИН код и изберете ги каналите кои сакате да бидат заштитени со ПИН код, и на крај изберете "Зачувајте".

Како можам да видам колку часа за снимање ми остануваат?


Влезете во "Поставки” / ”Информации" – во полето "Преостанатото време на снимање" може да го видите колку време за снимање Ви преостанува.

Како да креирам нов профил?


Влезете во "Поставки”/”ПИН-ови и родителска контрола", внесете го Вашиот ПИН за родителска контрола, изберете "Креирајте нов профил", внесете го името на новиот профил и изберете "Зачувајте". Внесете го ПИН-от за новиот профил, после што треба да изберете какво ниво на пристап и права сакате да дадете на тој профил. На крај изберете "Зачувајте".
Новиот профил ќе се појави во "Профили" со името кое го имате зададено. Ако сакате да го уредите, преименувате или избришете некој од профилите, или пак да го промените ПИН кодот на некој од профилите, едноставно кликнете на името на профилот.